519
Ова младо момче кое Зечевиќ денес го извади на прес нека не го местат од партија, нека му кажат дека неговиот шеф Ковачевски имаше веќе средба во Владата со Данела Арсовска и Стевчо Јакимовски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Неспособноста и договорите за идно делување нека ги побара кај неговиот шеф.
Кога имаат време за тајни средби за бизниси и матни тендери, можат да се договорат и да го решат проблемот на превозниците кој е резултат на неспособноста на Арсовска и СДС“, додаваа од партијата.