Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на пресс конференцијата по завршувањето на гласањето рече дека на референдумот победиле оние што апстинирале, односно не излегле да гласаат.
Истото го сметаат и од движењето „Бојкотирам“, само што тие го користат глаголот „бојкотира“. Ова движење организираше и прослава на, како што велат, нивната победа.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, не излегоа на славење. На прашањето на „Фокус“ зошто не прославиле заедно со „Бојкотирам“ пред Собранието или дали сметаат дека нема потреба од славење, од партијата велат дека тие не биле организатори на тоа движење.
-ВМРО-ДПМНЕ не го организираше „Бојкотирам“. Претседателот Мицкоски беше доволно јасен што од утре треба да прави партијата, а сите останати да ја слушаат волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.