ВМРО-ДПМНЕ во реакција на вечерашното интервју на првиот вицепремиер, Артан Груби не одговори на понудата што ја упати тој, опозицијата да гласа за уставни измени, да се распушти Собранието и да одат на предвремени избори, туку изнесуваат низа критики и квалифакции за Груби.
-Тоа што од ДУИ направи свое гранапче, семејството Груби сака да го преслика и со целата влада. Репититивното однесување на криминал само значи дека Груби се соочува со клептоманија.
А, клептоманијата значи присвојување на некој предмет, пропратена со интензивна анксиозност која се намалува по неговото присвојување и најчесто е симптом на опсесивно-компулзивна невроза, што и се гледа во секој негов настап.
И ја разбираме опседнатоста на Груби со ликови и херои кои му надоаѓаат периодично зависно од неговите интереси. Артан Груби се однесува како Веља Невоља од Али Експрес, кој веројатнo му е и идол. И покрај низата невистини објавени во вечерашното интервју кои одбиваме да ги коментираме, и имајќи го во предвид неговото импулсивно компулсивно однесување му посакуваме добро здравје, се вели во реакцијата.