ВМРО-ДПМНЕ не ја признава студијата на Генералниот директорат на ЕУ: Соросовата студија и самата е лажна вест

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на студијата според која профилот на нивниот претседател, Христијан Мицкоски е извор на дезинформации. Од опозициската партија велат дека оваа студија е „соросова“, а не е став на ЕУ.

-СДСМ не запира да ги злоупотребува имињата на ЕУ и европските институции. Наводната студија на која се повикуваат не е став на ЕУ, туку соросова студија која самата е лажна вест.
Заев и СДСМ со злоупотребата на наводната студија потврдија дека се фабрика за лажни вести.  Наместо фабрика за работа тие се фабрика за криминал и лажни вести. Заев рајхт се легитимираше како главен лажливец. Заев и СДСМ велеа дека платите ќе бидат 30.000 денари. Заев и СДСМ лажеа. Заев и СДСМ лажеа дека платите на лекарите ќе бидат 100.000 денари. Заев и СДСМ лажеа. СДСМ и Заев лажат дека не преговараат за идентитетот. Заев и СДСМ излажаа за се што кажаа. Заев и СДСМ се најголем извор на лажни вести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку,  студијата е изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија по нарачка на Европскиот парламент и објавена на неговата интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“.

Поврзани новости