496
ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува иницијативата на ВЛЕН за уставниот амандман со кој евентуалните кривични дела извршени при вршење на должноста никогаш да не застарат.
„Нашиот став е дека со постојната законска регулатива и вкрстувањето на базите на податоци може да се бори против корупцијата. Она што досега недостасуваше е политичката волја за расветлување на овие случаи. За преиспитување и одговорност за криминал, може и треба да се плашат сите оние кои згрешиле пред законот. И треба да знаат дека правда ќе има. Наскоро ќе почнеме со истрага на сите случаи за сите видови корупција“, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.