ВМРО-ДПМНЕ: Не ги намаливме, туку ги покачивме субвенциите за 5 милиони евра

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ го демантира СДСМ дека во Буџетот за следната година ги намалиле субвенциите за земјоделците за 2 милиони евра.

„Не е точно дека субвенциите се намалени за 2 милиони евра, туку се покачени за 5 милиони. Досега на земјоделците им се исплатени 600 милиони евра субвенции и така ќе продолжиме и во иднина. СДСМ пак, никогаш не ги третираше земјоделците, им беше под чест да преговара за нивните потреби и проблеми“, стои во соопштението на владејачката партија.

Од таму додаваат дека буџетот има целосно развојна компонента, во која значаен дел отпаѓа на капиталните инвестиции и инвестирање во јавната инфраструктура што треба да бидат поддршка на економскиот и стопански развој.

„Ако СДСМ е против буџетот, значи е против покачување на платите, на пензиите, на социјалната помош, против инвестициите во инфраструктурата, на отварањето на работни места“, истакнуваат од партијата на Никола Груевски.

Поврзани новости