853
Сашо Мијалков повеќе не е член на ВМРО-ДПМНЕ, не сме запознаени со деталите и причините за неговото приведување. Раководството на партијата подолго време нема комуникација со Мијалков, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за ТВ21.
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец го исклучи Мијалков од партијата заедно со Јанчев и Костадинов, а поранешниот шеф на УБК бил приведен во затворот „Шутка“ од хотелот Мериот во Скопје.