623
Ако СДС некому нешто должи, нека се раздолжи со парите на криминогеното раководство на партијата, бидејќи не може своите долгови да ги плаќа со националните и државните интереси на Македонија, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија не е играчка на криминогениот СДС. Со Македонија не може секој да се игра како сака и да тргува со неа. Народот порачува на СДС, Македонија никогаш нема да стане бинационална држава, Македонија нема да се редефинира. Народот бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли неуставната платформа и да го казни СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.