ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес плаќа 30% поскапа струја заради Васко Ковачевски и СДС и нивните тендери во четири очи

by Fokus

„Времето на Васко Ковачевски и СДС ќе биде запаметено по тендери во четири очи, милиони испумпани од РЕК и ЕЛЕМ и хаварии во системот“ соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Фалбите на Димитар Ковачевски за Васко Ковачевски можеби се заради десетиците зделки кои поминаа во изминатиов период во режија на власта преку енергетскиот сектор, од кои корист имаат само фирми и луѓе блиски до власта, но не и граѓаните. Самиот Димитар Ковачевски кажа дека во ЕЛЕМ се вбрзигани близу 200 милиони евра државни пари, да не биле овие пари, претпријатието ќе банкротирало. Оттука чиста козметика се тврдењата за наводна успешност на Васко Ковачевски“ велат од партијата.

Оттаму посочуваат „фактите се дека народот денес плаќа 30% поскапа струја, за тоа не треба некој да биде експерт да го спознае, доволно е да ја погледне сметката која ја плаќа“.

 

Поврзани новости