ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагира што и по четири дена, наркобосовите од Грчец се во бегство, а Оливер Спасовски кој со нив се сликаше по кафеани молчи. МВР под Спасовски е целосно неспособна. Протекуваат информации и за најситни дилери на дрога, па до наркобосови, се вели во реакцијата.
– Системот не функционира. Луѓето со кои цел државен врв се сликаше по кафани биле водачи на нарко кланови, а друштво им правеле Спасовски, Пендаровски и Вице Заев. Друштвото на врвот на власта со нарко босовите и сликите по социјалните мрежи им дава сила и влијание во подземјето. Наместо да се борат против организираниот криминал, Спасовски и Пендаровски се сликаат со најголемите претставници на истиот. Дали другарувањето на Спасовски и Пендаровски со наркобосовите е причина зошто наркобосовите се недостапни за полицијата? Спасовски да даде одговори и да поднесе оставка веднаш – порачува ВМРО-ДПМНЕ.