ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да ја почитува, власта ја силуваше волјата на народот

by Фокус

Премиерот Зоран Заев и власта вчера покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот, туку дека се архетип на корупција, уцени и закани, обвини денес опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако со помош на 8 пратеници од ДПМНЕ и коалицијата вчера почна постапката за уставни измени.

„Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ“, се наведува во партиското соопштение.

Од таму порачаа дека македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите, како што велат, ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја.

Поврзани новости