87
Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите. Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами“, стои во партиското соопштение.