,,Се зголеми потрошувачката кошница за само еден месец со дополнителни 1500 денари, или за едно четиричлено семејство само за да се прехрани за еден месец му се потребни 59.000 денари.
Владата на СДС и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните. На едно семејство за да може да преживее од месец за месец му се потреби три минимални плати.
Платите се многу пониски од тоа што изнесува една потрошувачка кошничка.
Со катастрофалните политики на власта на СДС и ДУИ се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните дополнително секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови.
Устите им се полни со фалби дека ги зголемиле платите и пензиите, но реалната состојба е дека се намали куповната моќ.
СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија.
Платите и пензиите на граѓаните се ниски споредбено со нивните месечни трошоци.
И додека СДС се фали со покачените плати над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра.
Владата на СДС и ДУИ ја уништија Македонија.
Владата на СДС и ДУИ донесоа само порази на граѓаните. Затоа важно е да го поразиме.
Време е за промени!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.