Владата дозволила фирма од црната листа на САД да добие милионски тендер во Министерството за внатрешни работи, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски, Османи и Спасовски треба да кажат како поделиле тендери на фирми на Милорад Додик и каков бизнис интерес има некој од тоа?
Додека власта ги обвинува граѓаните за проруско расположение контроверзна компанија добила три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР. Меѓу другото оваа компанија добила тендер за набавка на 1.500 компјутери. И власта во ова не гледа ништо спорно исто како што не гледаше спорно и во бизнисот кој го имаа со прорускиот бизнисмен Дака Давидовиќ.
Ете ова е лицемерието на заевизмот кое Ковачевски само го продолжува. Ги обвинуваат граѓаните, ја обвинуваат опозицијата, а тие на големо тераат милионски бизниси“, додаваат оттаму.