Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предмалку соопштија дека партискиот лидер Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба се залагал за прогласување на кризна состојба поради ситуацијата со корона вирусот, но, како што истакнаа од таму, тој не ја исклучува ниту вонредната состојба доколку за тоа се јави потреба.
„Власта е несериозна. Аеродромот во Скопје не е затоврен затоа што заборавиле да ја однесат одлуката во службен весник. Мицкоски дециден. Потребно е прогласување на кризна состојба, а ако затреба и вонредна. Контролата во државата е слаба. Никој не знае со колку луѓе се сретнале лицата кои се регистрираат како заболени. Инспекторите на АХВ и Фито инспекторите на границите без заштитна опрема и средства за дезинфекција вршат проверка на храна“, соопштија од ДПМНЕ.