ВМРО-ДПМНЕ: Мирчевски е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС, криминал, аздисаност и личен профит

by Fokus

СДС е партија која е криминално мочуриште. СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчевски кој е фатен во криминал и проневера на државни пари наместо за интерес на Службата и Владата работел за свој личен профит.

Пеце Миречески кој како функционер ја крадел државата се уште е на партиска функција во СДС според нивната партиска интернет страница. Мирчевски кој крадел и злоупотребил народни пари е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање.

Доколку Филипче не го разреши другар му Мирчевски кој има сторено низа криминални дела и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДС само ќе продолжат да тонат се подлабоко во политичкото мочуриште“ порачаа од владејачката партија.

Поврзани новости