Откако СДСМ е на власт граѓаните се блокирани на секое поле. Поради неспособноста на власта единствено граѓаните страдаат. А, со вчерашната одлука на Владата единствено миленикот на Заев, Оливер Спасовски е спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Миленикот на Зоран Заев, Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски. Откако Македонија е независна никогаш не се случило системот да не функционира, но со неспособноста на власта на Заев и тоа се случи. На 17-ти октомври ќе започне крајот на локалните шерифи, функционери од типот на Оливер Спасовски и Зоран Заев, се вели во реакцијата на партијата.