ВМРО-ДПМНЕ: Мерките се за поткуп, стопанството ставено на чекање

by fokus

Мерките кои денес ги промовираше СДСМ не се мерки за помош на граѓаните и погодените од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес -конференцијата на премиерот Оливер Спасовски.

СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори.

Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември.
Стопанството нема да добие никаква помош. Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција.

Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи, реагираат од опозицијата.

Поврзани новости