Пакетот на мерки кои го промовира Владата на СДСМ не се мерки за борба против ковид-19, туку се мерки за поткуп и за правење на криминал. Тие се нефункционални, некорисни и нема да стигнат до крајниот корисник, освен до џебот на тендер владината коалиција Заев, Спасовски, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Мерките за стопанството се без јасни критериуми. А секогаш кога нема јасни критериуми шансата за малверзации и криминал е огромна. На пример мерките се за справување со последиците на корона кризата, а предвидуваат 120 милиони евра за стартап новоформирании компании, или фирмите на Вице Заев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, брат му на Сашо Ордановски и останатите кои веќе земаа пари од Фондот за иновации. Предвидуваат 25 милиони евра гаранција за царински долг, што во превод значи 25 милиони евра за царина за фирмите за Вице Заев. Ќе даваат 76 милиони евра за земјоделство, а притоа нема критериуми за тоа, и се пари кои веќе државата ги располага преку постоечката програма за земјоделие. Што значи прават чисто политиканство. Ќе даваат платежна картичка за невработени, и наместо парите да легнат на веќе постоечка картичка тие ќе легнат на нова картичка што значи нов бизнис за владата, обвинуваат од партијата.