Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ по синоќешниот протест пред Влада против фрнацускиот предлог.
-Со Протоколот се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани. Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето.
Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации, велат од партијата.
Тие ги повкаа граѓаните и вечерва да излезат на протест пред Владата против, како што велат, понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ.