ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ да се изјасни за договорот со Бугарија

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение ја повика Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да се изјасни за договорот за добрососедство што премиерот Зоран Заев има намера да го потпише со Бугарија.

„МАНУ мора да излезе со став околу договорот кој Заев има намера да го склучи со Бугарија. Молкот на МАНУ за вакви суштински прашања отвора простор за нови напади и за нови омаловажувања. ВМРО-ДПМНЕ го повикува и Министерството за надворешни работи да реагира бидејќи станува збор за угледот на државата и на врвната научна институција“, стои во партиското соопштение.

Од партијата повторно обвинија дека на помалку од еден месец од потпишувањето на договорот со Бугарија, македонскиот народ се уште нема никаква информација за тоа што содржи тој договор.

Поврзани новости