ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Македонија има највисока инфлација споредено со земјите од поранешна СФРЈ. Според најголемата опозициска партија, инфлацијата во Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%.

-Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија. Иста е споредбата и со Србија каде  инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%. Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години, стои во соопштението од „Белата палата“.

Поврзани новости