408
Најавата за 4 нови инвестиции на Анѓушев се 4 нови лаги на оваа криминална и неспособна власт. За 2 години не донесоа ниту една странска Гринфилд инвестиција и не отворија нови работни места, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија наместо рекордер по економски раст, со неспособниот Заев станавме рекордер по задолжување. Извештаите покажуваат дека 500 000 луѓе живеат во сиромаштија. Крајот сме на јануари, а јавноста уште ја чека германската инвестиција на Заев, која е исто толку реална колку неговите ветувања за инвестиции на Гоогле и ФБ во државава. Зоран Заев и Кочо Анѓушев нанесоа сериозни штети и последици врз македонската економија – се наведува во партиското соопштение од опозицијата.