СДСМ и Заев катастрофално се справуваат со пандемијата во државата. Бројот на новозаразени од Ковид-19 секојдневно зголемува. Додека сите земји во регионот излегуваат од кризата, Република Македонија за последните недела дена има 368 нови заразени и 25 починати, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Бројката станува се поаларамантна, а на СДСМ и Заев не им е гајле за тоа. Тоа само докажува дека не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам сакаат избори и тераат кампања. Кампања каде бројката на излезеност ќе биде многу помала, а со тоа мислат дека ќе го ублажат поразот, велат од партијата.
Според нив во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата. Нема никаква нова мерка или некој нов протокол што е уште еден доказ дека се тотално изгубени во целата ситуација.
-И Комисијата за заразни болести наместо да предложи мерки кои ќе бидат за заштита на здравјето на граѓаните, тие спроведуваа мерки по диктат на Заев. Овие три години откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот. Трите години власт на СДСМ и Заев донесоа хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија и тоа народот ќе знае да го казни соодветно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.