ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена земја со пропадната банка и над 100.000 блокирани сметки

by Фокус

Неспособната тендер-власт на Зоран Заев се интересира само за личното богатење, а не за здравјето на граѓаните и интересите на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нов ден и нова трицифрена бројка на нови заразени. Последното деноноќие има 115 заразени и 3 починати лица. Македонија со овие бројки останува црн рекордер по овие параметри на еден милион жители и станува црна точка извозник на корона вирусот во Европа. Освен тоа, Македонија стана единствената земја во регионот и пошироко на која и пропадна банка со што над 100 илјади сметки останаа блокирани. Тоа покажува дека власта на Заев наместо да се грижи за народот, се грижеле навремено да бидат извлечени парите на Нина Ангеловска од Еуростандард Банка. Самиот Заев кажува дека знаеле во Владата дека банката пропаѓа, а Нина тврдеше дека не знаела и случајно го повлекла својот депозит од 250 илјади евра. Ете како ја лажат јавноста. Дополнително, во услови на корона криза, Македонија e единствената земја која што ја покачи цената на струјата за 7,5 отсто“, стои во партиското соопштение.

Од опозициската партија додадоа дека, во функција на изборен поткуп, власта за три месеци го покачи јавниот долг за над 1 милијарда евра.

Поврзани новости