603
Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија.
Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија, се вели во реакцијата.