Зоран Заев и СДСМ се надеваат дека може да го дефокусираат вниманието од нивните погубни политики за иднината на државата, со политики од полињата со марихуана, кои се еден од омилените бизниси на кланот Заеви, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по најавата на премиерот Зоран Заев за декриминализација и легализација на марихуаната.
-Измамникот Заев може да вети и пат до месечината, но легализацијата на омилениот бизнис марихуана не може да го покрие ветото и штетата која и ја нанесе на Македонија. Дури и да воведе задолжително консумирање марихуана која ќе ја продава единствено кланот Заеви, ниту еден граѓанин на Македонија нема да заборави на неговите лаги, лажни ветувања, тргувања со националните интереси и крахот на неговите политики и ветувања. На Заев среде страшна пандемија и економски крах, главен приоритет му е легализација на марихуаната, заради нарко бизнисот на фамилијата. Ова е срамно и уште еден доказ за забеганоста, неспособноста и немањето контакт со реалноста на актуелната власт на Заев и СДСМ, се вели во реакцијата на опозицијата.