Впрочем како што лажеа во кампањата сега се обидуваат со безочни лаги пак да се правдаат за својата неспособност. Ноторна лага е дека во времето кога Христијан Мицкоски ја извршувал функцијата директор на ЕЛЕМ поскапела цената на струјата за 100%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.
Во неговиот мандат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, компанијата бележеше рекордно производство на струја, а вистинската причина за поскапената струја во државата треба да ја бараат во “бонбона бизнисот“ на Шекеринска кој го направи во 2005 година.
„Тогаш го продадоа Електростопанството на Македонија исто како што сега ги продава националните и државните интереси. Граѓаните јасно гледаат дека Заев, Шилегов, Макрадули и низата други неспособни кадри на СДСМ немаат капацитет да решаваат едно прашање како аерозагадувањето. За да го покријат овој проблем тие не ги ни поправаат мерните станици за квалитет на воздух, мислејќи дека така граѓаните нема да знаат дека е загадено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.