-Креираните материјали на СДСМ немаат никакви аргументи, факти и не докажуваат ништо, а вистината е во она што навистина се случило. Со секоја прес конференција СДСМ на дело ја повторува целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестаблизација и создавање на криза во државата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ која ја објави опозицијата.
Од владејачката партија додаваат дека вистинската „бомба“ во Велес пукнала пред 20-тина години кога заради погрешните политиките на СДСМ се затвориле речиси сите фабрики и претпријатија, а над 10.000 велешани останале без работа.
Актуелниот градоначалник на Велес, пак, Славчо Чадиев рече дека намерата на СДСМ била да дојде на власт преку соработка со странски центри.