ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски оди со главата во ѕид

by fokus

Со одење против референдум, премиерот и лидер на владејчката СДСМ, Димитар Ковачевски го помножи народот со нула, а народот ќе му покаже дека тој е нула, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија оцени дека лидерот на социјалдеморкатите Ковачевски оди „со глава во ѕид“ против народот, и тоа без да понуди никакво рационално објаснување зошто бега од референдум.

„Ако е сѐ како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека референдумот е една од најголемите придобивки на демократијата, и дека служи за власта да се води по ставот на народот.

„Со бегање од референдум, Ковачевски покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула, но тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости