ВМРО-ДПМНЕ : Ковачевски нема решенија, постојано импровизира

by Fokus

Бледо интервју на Ковачевски, без решенија и со куп импровизации. Вака го коментираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ интервјуто на премиерот Ковачевски во вечерните вести на Сител.

„Ковачевски нема мнозинство за уставни измени. Нема да му помогнат ниту 100 лидерски, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на уставот под овие околности, без да има цврсти гаранции за нашата ЕУ иднина без дополнителни условувања.

Ковачевски и неговите политики не се во сообразност со Македонските интереси. Загрозен е јазикот, идентитетот и историјата, а власта ги заборава и Македонците во Бугарија.

Економски Ковачевски покажа дека нема никаков план. Денес излезе статистика на ДЗС според кој извозот во период јануари – септември во споредба со истиот период лани зголемен за 20%, а увозот за 28%, тоа покажува дека трговскиот дефицит се продлабочува“, велат од партијата.

„Со Владата на Ковачевски имаме зголемен трговски дефицит, огромен буџетски дефицит, јавен долг кој за три години е зголемен за над 2.5 милијарди, и инфлација помеѓу највисоките во Европа.

Ковачевски нема решение ниту за еден од овие проблеми. Економските показатели покажуваат дека земјата оди надолу“, се додава во партиското соопштение.

Немаме напредок ниту на едно поле. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости