Тоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, откаде велат дека ова е само потврда на фактот дека и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.
-Колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта. Корупцијата на власта е нотирана во сите извештаи на меѓународните институции. Ковачевски денес кога зборуваше за локалната самоуправа барем признава дека општините се блокирани и кочени од централната власт, но и при таква состојба бројот на проектите за народот се огромни и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту една афера зад себе. Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ, се вели во реакцијата на опозицијата по изјавата на Ковачевски дека техничката влада ќе се укине од следните избори.