ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски најсреќен аплаудира на отворањето на објектите од Скопје 2014

by Fokus

Ковачевски не само што е нелегитимен премиер, туку покажа дека е човек без интегритет кој прави и говори тоа што ќе му кажат неговите политички ментори, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тоа јавноста се увери по објавеното видео во кое се гледа дека Ковачевски иако не бил никогаш член на ВМРО-ДПМНЕ, бил најрадосен и во првите редови на отворање на проектите од проектот Скопје 2014, истиот проект за кој сега е принуден да зборува против. Ковачевски сега може да зборува против колку сака против и да чита текстови напишани од неговите ментори, но видеото јасно покажува дека е еден од најсреќните ликови кој аплаудира на отворањето на објектите од проектот Скопје 2014“, велат опозиционерите.

 

Поврзани новости