ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно ги прислушуваат граѓаните

by fokus

Една недела Димитар Ковачевски се крие и не одговара зошто дозволил спротивно на сите законски процедури Македонија да го купи шпионски софтвер Предатор, реагираат утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фирмата Сајтрокс која е на црната листа на САД поради нарушување на сајбер безбедноста на граѓани и организации низ светот, го развила шпионскиот софтвер предатор во Скопје. Со овој софтвер, Ковачевски и СДС незаконски ги следат и масовно прислушкуваат граѓаните и директно го кршат уставното право на приватност и тајност. Ковачевски сака преку низа криминални дејанија да опстои на власт. Ковачевски навлегува во приватноста на граѓаните, притоа нарушувајќи го имиџот на државата пред стратршкиот партнер поради соработка со фирма која е на црната листа на САД. И шефот на грчкото разузнавање јасно потврди дека овој софтвер се користел во Грција за шпионажа на политичари, медиуми и бизнисмени, а истиот се користел и во Македонија. И поради тоа се поставува прашањето дали Ковачевски со овој шпионски софтвер сакал да ги уценува и да им се заканува на неговите политички неистомисленици за да направи некое ново криминално дејание?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат Јавното обвинителство да постапи по допрен глас и да покрене истрага зошто, како што велат, Ковачевски се дрзнал да го набави софтверот Предатор и колкав е бројот на граѓани кои се следат и прислушуваат.

 

Поврзани новости