ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да ги кажат странските агентури кои стојат зад тензиите со Бугарија

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија, повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејаснотии. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити?

Исто така во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија.

Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби кои ги подбуцнуваат инцидентите, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости