ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и ЕУ се далеку како зима и лето

by Fokus

„Ковачевски да си даде оставка, тој и ЕУ се далеку како зима и лето. Во ЕУ не се оди со криминална влада, каде тендерите и личните бизнис интереси на поедини моќници се пред доброто на граѓаните и државата“ велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат „додека Ковачевски зборува за ЕУ, неговата сопруга и кум го шират бизнисот со фотоволтаици, купуваат земјиште за багатела, а неговиот коалиционен партнер Груби добива луксузни возила на користење од пријатели како да се работи за велосипед“.

„Ковачевски е далеку од ЕУ и заради заробеното обвинителство и судство, кои одлучуваат по партиски наредби. Во ЕУ полицијата не чека со месеци да расветли убиство, ниту пак се краде оружје од полициски депоа. Ковачевски е далеку од ЕУ и заради упропастеното образование, здравство и култура. Далеку е Ковачевски од ЕУ, зошто додека тој работи за тесна клика луѓе околу него, во ЕУ работат за народот. Ковачевски нема капацитет да ја води Македонија кон ЕУ“ е партискиот став.

Поврзани новости