Владата дозволила Назиф Дестани да влезе во Иловица, веднаш потоа институциите ја враќаат и Концесијата, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Ковачевски глуми дека ништо не знае, а всушност се знае и најмалку два пати на Влада давал согласност поврзано околу влезот на Дестани во Иловица и спојувањето на концесиите“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според најголемата опозициска партија 9 дена откако Дестани влегува во Иловица, Управниот суд ја поништива Одлуката за еднострано раскинување на Концесијата.
„Дестани влегол во фирма, за што платил, а според закон требал да плати и 7% од висината на Концесијата на име такса, која немала активна Концесија. Ниту Дестани, ниту било која друга фирма нема да влезе во деловен однос каде шансите за успех се 0%, освен ако зад тоа не стои СДС и ДУИ со ветување“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија откако Дестани влегува во Иловица, не само што е вратена концесија, туку и се спојувааг концесиите.