378
Денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го праша Арбен Таравари од Алијанса за Албанците да објасни кој е тој меѓународен фактор што го има тоа барање, откако Таравари истакна дека меѓународен фактор бара Алијанса да влезе во Владата.
„Јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата. Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.