468
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на фејсбук статусот на вицепремиерот, Артан Груби, кој објави фотографии од неколку министри на ДУИ како играат фудбал и кошарка кај него во канцеларија.
„Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна. Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците. Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни. Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, толку повеќе загинати на уличниот асфалт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.