660
Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Петре Шилегов со него, праша опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ДУП-от што се носи за делот кај салата Борис Трајковски.
„Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дел од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.