ВМРО-ДПМНЕ: Кој напаѓа амбасадори?

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение испратено до јавноста вели дека не знае за кого се однесуваат острите пораки од Европската комисија, кои го осудија говорот на омраза против амбасадорите во земјава, порачувајќи дека тоа ја оддалечува Македонија од евроатланскиот пат.

-Споделувајќи ја загриженоста на Европската Комисија ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи со цел надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи – стои во соопштението на ДПМНЕ.

Брисел и Вашингтон деновиве неколкупати изразија загриженост за запалливата реторика на „одредени политички лидери во Македонија” кои како што посочија, со своите настапи и говор на омраза повикуваат на насилство врз странските претставници во земјата.

Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли беше главна мета на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, каде лидерот Никола Груевски, суптилно, а на моменти и директно му закани, порачувајќи му да не се меша во внатрешните политики на земјата. На протетост беше истакнат и голем транспарент „Бејли, тргни ги рацете од Македонија”.

Поврзани новости