Стево Пендаровски не ги знае ниту основните европски институции. Европската економска заедници е претходница на ЕУ од која Унијата настанала, и таа веќе не постои. Како Пендаровски одбил членство во нешто што го нема?! Но доколку Пендаровски одбил членство во Европската економска зона, тогаш тој постапил неодговорно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски и Зоран Заев не се монарси, на кои народот им го предал правото безусловно да владеат и Македонија не е нивна своина, ниту Пендаровски, ниту Заев не смеат да донесуваат стратешки одлуки без да го прашаат народот. Кого прашал Пендаровски кога ја одбил понудата Македонија да стане членка на Европската економска зона?!
Европската економска зона е посебна зона составена од држави кои се дел од заедничкиот пазар на ЕУ. Држави кои се дел од Европската економска зона се Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, а пред да влезе во ЕУ таму била и Хрватска, со членувањето во Европската економска зона државата станува дел од заедничкиот пазар на ЕУ на чија територија важат исти правила, прописи и трговијата кон земји членки на ЕУ се одвива слободно, како земјата да е членка на ЕУ.
Одбивањето на ваква понуда е скандалозно. Државниот врв не смее да донесува одлуки на своја рака и за ваква понуда мора да се консултира со граѓаните.
Членувањето во Европската економска зона е голем плус за државата додека чека влез во ЕУ, со што се олеснува трговијата и протокот на луѓе и стока.
Членството во ЕЕЗ ќе значи повеќе работни места, развој на деловното окружување, но пред се обврска за усогласување на домашното законодавство со стандардите на ЕУ. Очигледно е дека СДСМ се грижи единствено за бизнис интересите на семејството Заеви, наместо за Македонските работници и стопанственици.
Одбивањето на понудата е антидржавен чин. Пендаровски и Заев да кажат зошто ја одбиле понудата и од чии странски интереси се воделе?!
Чиј интерес е Македонија да не е дел од Европската економска зона и кој го попречува нашето евроатлантско напредување?!“, прашуваат од опозицијата.