ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира реформска влада со ЕУ агенда

by fokus

Народот избра промени, а ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатив, БЕСА и Левица формираа мнозинство за пад на владата на Заев, повторуваат утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да формира ново мнозинство кое треба да го отслика расположението на граѓаните и да ги реализира потребните реформи. Доколку таквата влада не може да ги гарантира тие работи, треба да се оди на предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската агенда на државата. Насочени сме кон борба со корупцијата и криминалот, раст и развој на економијата и ефикасен правен систем. Тоа се начелата за кои се бориме и кои ќе ги применуваме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости