Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на иницијатива од пратениците доктори во партијата, а со поддршка и од останатите пратеници во Собранието на Република Македонија ќе поднесат закон за докторска дејност.
– Овој предлог закон го поднесуваме бидејќи иницијативата за ваков закон се јави уште од претходниот мандат, од пратениците доктори од тој состав и беше предвидено овој закон да биде донесен до крајот на мандатот, но поради политичката состојба во Република Македонија овој закон не го виде дневното светло, рече на прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
тој посочи дека како најголема придобивка од донесувањето на овој закон е предвиденото вреднување на докторскиот труд односно утврдување на висината на платата преку колективен договор, која што би ја земале општите доктори и докторите специјалисти од примарното, секундарното и терцијалното здравство.
– Со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата – рече Ѓорѓиевски.