ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Рашковски

by fokus

Од ВМРО-ДМПНЕ најавија дека утре ќе поднесат кривична пријва против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за наводите за местење седуммилионски тендер при набавка на радарска опрема за потребите на Македонска Навигација М-НАВ.

Од опозициската партија бараат и оставка од генсекот на Владата, за, како што велат, еден од најголемите корупциски скандали на власта.

Од владејачката СДСМ, пак, одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со лажни вести. Велат дека снимениот разговор што го објавија повеќе портали потврдува дека не станува збор за манипулација со тендерска постапка и дека намерно не е објавен во целост.

„Како што и претходно беше објавено, тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени уште во 2016 година, а договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот и безбедноста на граѓаните, за што докази се доставени во надлежна институција. Вистината е дека поради неопходноста на опремата за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по налог на Владата е свикан состанок за утврдување на динамика за испорака.“

Поврзани новости