ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа новиот предлог за гувернер од Иванов, па ќе одлучи дали ќе го поддржи

by fokus

Телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат, па потоа ќе се донесе одлука дали партијата ќе го поддржи новиот предлог на претседателот Иванов за гувернер на НБРМ, дознава „Фокус“.

-Новонастанатата ситуација со повлекувањето на г-динот Богов од лични причини иницираше нов предлог за Гувернер од страна на Претседателот, г-дин Ѓорѓе Иванов, а бидејќи се работи за една од најодговорните функции во државата, предлогот на Претседателот на Република Македонија ќе биде разгледан од највисоките партиски структури и тела и веднаш штом заземат став, ќе се произнесеме во јавноста и медиумите, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се мисли, коррдинаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев веќе најави дека владејачката партија ќе го поддржи новиот предлог на Иванов.

К.С.

 

Поврзани новости