Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител за идните планови на партијата рече дека ќе продолжат и со протести, но додаде дека прво ќе го оценуваат потенцијалот со кој располагаат за да не ги разочараат граѓаните.
-Продолжуваме со активната блокада во Парламентот, освен на оние закони кои треба да им олеснат на граѓаните. Продолжуваме и на улица, зошто да не. Ќе го оцениме потенцијалот со кој располагаме. Не можеме да си дозволиме да излеземе на улица без да располагаме со капацитетот кој го очекуваат граѓаните. Ќе направиме се за да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Нормално дека власта грчевито ќе се бори да остане, за нив се важни тендерите. Таква е нивната матрица. Ако беа паметни, уште минатата година ќе не послушаа, рече Мицкоски.