ВМРО-ДПМНЕ ќе достави забелешки на законот за ЈО, нова средба до крајот на неделава

by fokus

Стручните тимови на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на неделава ќе достават предлози и забелешки на законот за Јавно обвинителство, по што би требало да се одржи средба на работните групи.

Ова, како што брифираат од двете партии, е договорено на денешната средба меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ и Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, на која станало збор за можните решенија и одоглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство.

-ВМРО-ДПМНЕ се обврза да достави конкретни писмени забелешки на текстот на законот во наредните денови пред да се закаже средба на работните групи која би требало да се случи до крајот на оваа недела. Постапките на СЈО и продолжување со работа на обвинителите на конкретните случаи со кои се задолжени остануваат најголем проблем за опозицијата. Ние сакаме правда и професионално обвинителство кое ќе ги продолжи постапките. СДСМ цврсто стои зад донесување на законот и работиме со сите пратенички групи за негово донесување, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека камен на сопнување продолжува да биде, како  што наведуваат, „неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби“.

Поврзани новости