ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе побара рачно пребројување на гласачките ливчиња, најавува партискиот портпарол Димче Арсовски, кој на денешната прес-конференција обвини за фалсификат и масовен поткуп на СДСМ.
-Државната Изборна Комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификувањ на изборите, односно волјата на граѓаните. Дополнително во јавноста предизвика забуна што на официјалниот веб сајт на ДИК стоеја податоци кои не кореспондираа со записниците направени од избирачките одбори, но и во однос на нашата евиденција која што ја имаме. Исто така имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30 илјади кои се несвојствени за избори со ваква излезност, а воедно ќе напоменам дека функционери и експоненти блиски до СДСМ јавно водеа кампања да се прешкртуваат ливчиња и лажно тоа го преставуваа дека е повик на ВМРО-ДПМНЕ. Голем дел од тие ливчиња се гласови за ВМРО-ДПМНЕ кои сега се сметаат за неважечки. Што значи се поништува нивната волја. Затоа ние ќе побараме како политичка партија рачно пребројување на гласачките ливчиња, најави Арсовски.