ВМРО-ДПМНЕ ќе анализира дали да настапува како една пратеничка група

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ ќе анализира како понатаму ќе настапува во Собранието во однос на тоа дали ќе има една пратеничка група или повеќе како до сега.

-Сметам дека делувањето на ВМРО како една и како неколку пратенички групи воопшто не прави разлика во однос на што треба да претставува политика на ВМРО-ДПМНЕ, политика на опозицијата на сето ова што и се случува на Република Македонија. Така што дали делувањето ќе биде како една пратеничка група или ќе биде како повеќе пратенички групи зависи од она како анализа колку ќе вроди со плод од делувањето на пратеничката група односно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе пратенички групи. Но сепак тоа нема да влијае во насока на она што се вели политика и поставеност на ВМРО-ДПМНЕ, на опозицијата во парламентот – рече портпаролот.

Тој рече дека косултациите со пратениците за нивното делување околу Уставот постојано се во тек.

Тие консултации, рече Стоилковски, се во насока како да се запре ова девастирање на државата и ова економско понижување, национално понижување, државно понижување на граѓаните на Република Македонија.

Поврзани новости